Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

ЗНАМ: Европската иднина на Македонија се гради со силни институции, национално достоинство и државничка визија

Втората панел-дискусија од националниот караван на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија претставува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втората панел-дискусија од националниот караван на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија претставува продолжение на непосредниот дијалог со граѓаните низ државата, со цел заедничко креирање политики за модерна, стабилна и просперитетна Македонија, велат од ЗНАМ.

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакнал дека Македонија има јасна европска определба, но дека тој пат мора да биде пат на самоуверена, достоинствена и суверена држава.

-Нашиот пат кон Европа е пат на модернизација, на владеење на правото, на силни институции и создавање подобри услови за живот за секој граѓанин. Но, европската интеграција не смее да биде процес на губење на сопствената суштина. Македонскиот јазик, македонската култура, нашата историја и нашата државотворна традиција се темелите врз кои ја градиме
иднината – порачал Димитриевски.

Реклама

Тој нагласил дека вистинското државништво подразбира способност да се обедини европската перспектива со јасната свест за сопствениот идентитет.

-Европа не треба да биде простор во кој ќе се изгубиме, туку простор во кој ќе го афирмираме она што сме. Македонија може и мора да биде европска според своите стандарди, институции и вредности, но истовремено автентична според својот јазик, култура, историја и национална посебност. Во европското семејство сакаме да влеземе како рамноправен партнер – со јасна свест за тоа кои сме и со силна определба за тоа каде одиме – истакнал претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски порача дека ЗНАМ ќе продолжи да ја гради својата политика врз принципите на одговорност, чесност и работа, како основа за враќање на довербата во политиката и институциите.

-Не се бориме за привремени политички позиции, туку за трајни вредности. Нашата цел е да изградиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина, во која институциите ќе бидат вистински сервис на граѓаните, а успехот ќе биде резултат на знаење, труд и посветеност. Македонија заслужува политика која гледа подалеку од еден мандат и работи за
генерациите што доаѓаат – порачал Димитриевски.

Во рамки на панел-дискусијата свои излагања имаа и генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, како и потпретседатедателот на Движењето ЗНАМ, Борче Серафимовски.

Тие говореа за реформските процеси во јавната администрација и земјоделството, нагласувајќи дека европската перспектива на Македонија е условена од изградба на професионални институции, економскиот развој и ефикасна администрација која е во интерес на граѓаните.

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува во повеќе градови низ државата, како платформа за отворен разговор со граѓаните и заедничко обликување на визијата за Македонија, европска според своите стандарди, силна според своите институции и достоинствена во зачувувањето на своите национални вредности.