Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Златен медал за битолчанката Ангела Бошевска на светски ликовен фестивал во Португалија

Ангела Бошевска, членка на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ангела Бошевска, членка на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола освои златен медал на светскиот детски ликовен конкурс и изложба, кој се реализира во градот Фуншал, на островот Мадеира во Португалија.

На светската ликовна изложба членовите на ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ учествуваа со 20 цртежи и освен златен медал за Бошевска, членовите на студиото Нина Пешевски и Адријан Андреев се наградени со признанието „Избрани дела за изложба“, како единствени претставници од Македонија.

На конкурсот во Мадеира се доделуваат само три награди по категорија, како и признанија за избрани дела за изложба, што го прави предизвикот уште поголем, а успехот уште позначаен, ако се има предвид дека беа оценувани над 5.000 цртежи пристигнати од повеќе од 45 држави, информираа од ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ – Битола.

Реклама

Детскиот ликовен конкурс и изложба во Мадеира беа на тема „Цвеќиња кои се симбол на мојата земја“, а го организираа Регионалниот секретаријат за образование, наука и технологија – Регионалната дирекција за образование и Дирекцијата за уметничко образование во Мадеира, а под покровителство на Министерството за образование, наука и технологија на Португалија.