Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Свет

За само една недела, втор крвав напад во САД, убиени четири лица во болница во Оклахома

Повторно крвопролевање во САД – Четири лица се убиени, а 10 повредени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно крвопролевање во САД – Четири лица се убиени, а 10 повредени во вооружен напад во клиника во Оклахома. Вооружен напаѓач влетал во зградата, убивајќи четири лица, а потоа се застрелал и себе си. Мотивите за делото сеуште не се познати. изјави локалната полиција, која добила дојава дека маж вооружен со пушка влегол на вториот кат во една од зградите на Клиничкиот центар Свети Франциск и дека имало пукање. Полицијата стигнала веднаш по испраќањето итен повик за помош. Сѐуште се врши проверка на идентитетот на напаѓачот, за кој процениле дека е на возраст меѓу 35 и 40 години, засега не е дефинитивен ни бројот на ранетите. Белата куќа потврди дека претседателот Џо Бајден е информиран за нападот. Тој им понудил поддршка на државните и локалните власти во Тулса, град кој се наоѓа на околу 160 километри североисточно од Оклахома Сити.

Kога полицијата пристигна веднаш се упатија кон зградата од каде што се слушаше пукање. Тоа идеше од вториот кат каде се наоѓа болницата. Во моментов можеме да потврдиме смрт на четворица цивили и еден напаѓач, за кој претпоставуваме дека се самоубил, изјавија од локалната полиција

Луѓето во САД се шокирани од постојаното случување на вакви вооружени напади во земјата. Ова е последно во серијата неодамнешни масовни престрелки што ги потресоа Соединетите држави и одново ги разгореа дебатите околу контролата на оружјето во земјата. Пред повеќе од една недела во Увалде, Тексас 18 годишник влезе во училиште каде што со пиштол и полуавтоматска пушка уби 19 деца и двајца наставници, тоа се случи две недели по нападот во Бафало, Њујорк, каде што беа убиени десет луѓе во супермаркет во населбата Блек.

Реклама

Бојана Златкова