Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Економија

За Битиќи поскапата еврообврзница е административна грешка, Мицкоски вети дека ќе има кривична одговорност

Административна грешка која чини милиони.   Пропаѓањето на еврообврзницата било резултат на грешка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Административна грешка која чини милиони.   Пропаѓањето на еврообврзницата било резултат на грешка поради актуелните закони кои не дозволуваат да биде издадена без да ја потпише министерот за правда, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.  Штетата е поскапата камата која ја добивме со второто издавање на обврзницата, за која  Битиќи побара да има индивидуална одговорност, ако се утврдело дека неиздавањето е човечка грешка причина.

Еврообврзница се издава во оној момент кога е најповолно на пазарот. За жал се случи административна потешкотија односно грешка да не можеме да ја потпишеме, затоа што законите кои што се на сила така укажуваат. Секако, ако органите кои што треба да следат увидат дека има човечки фактор кој што треба да носи одговорност го знаете мојот став – одговорноста не може да биде колективна, таа мора да биде лична“, рече Битиќи.

Чуварот на државната каса пак, Фатмир Бесими не кажа дали ќе има одговорност од некого, туку  уверува дека каматниот трошок  сега ќе испаднел речиси ист затоа што ќе добиеме 500 , наместо 600 милиони евра . Сега , откако се направи милионска штета, Владата ќе прави измени на Законот за во иднина да имало кој да потпише ако се случи вакво нешто

Реклама

Ако гледаме на 600 милиони евра во февруари и ако имаше 600 милиони сега, само со еден инструмент кој е евидентен се од прилика на исти трошоци, ако се смета дека 100 милиони би оделе со буџетска поддршка, рече Бесими.

Додека Владата сепак прогласува успех со тоа што успеале да ја потпишат еврообврзницата , и се фалат дека не го нарушиле кредибилитетот кај инвеститорите, од опозицијата децидни – одговорност мора да има . Според лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ако обврзницата на 600 милиони евра се потпишеше на време ќе платевме 18 милиони помалку за камата и за тоа некој мора кривично да одговара.

Тие сега мислат дека се многу силни и дека нема да има одговорност, јас ви тврдам по промената на владата, јасно и недвосмислено ќе ја констатира одговорноста и кој е виновникот за целата оваа работа. Има кривчниот законик одредби кои што ги третира овие несовесни однесувања во службата, после тоа да нема плачење, лелекање. После тоа да нема плачење и лелекање, еве уште сега предупредувам“, рече Мицкоски.

500-  те милиони евра Македонија ќе ги добие наредната недела. Првично  еврообврзницата Владата планираше да ја издаде на 600 милиони евра, но тоа не успеа зошто немаше кој да ја потпише поради реконструкцијата на Владата. Сега издадовме нова за 100 милиони помалку од планираното, а добивме повисока камата.  Пресметките велат дека, ако еврообврзината на 500 милиони беше издадена по претходните услови, ќе платевме 15 милиони евра помалку за камата, а ако беше издадена на 600 милиони евра ќе заштедевме 18 милиони.

Кристина Алексиеска