Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Затруени шест студенти од „Пелагонија“, по вечерата во студентската менза завршиле на Инфективна

Шест студенти кои престојуваат во „Пелагонија“ завршија на Клиника поради труење со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест студенти кои престојуваат во „Пелагонија“ завршија на Клиника поради труење со храна. По синоќешната вечера во студентскиот дом се пожалиле на диареа, и стигнале до Инфективната клиника на инфузии и инекции. Освен оброкот во студентскиот, јаделе сендвичи  од надвор, па засега е не се знае од што настанало труењето. 6-те студенти биле испратени дома во добра здравствена состојба.

Цела недела ќе им треба на институциите да завршат со испитувањата на примероците на храна кои што се земени од студентскиот, а до тогаш кујната ќе биде под клуч. Агенцијата за храна заедно со Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен инспекторат извршиле вонредна контрола откако добиле дојава за можно труење во храната од кујната во Пелагонија.

  • Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за  генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се 6 мостри од храната која се послужувала и  8 брисеви од работните површини и опремата. Кујната ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди“, се вели во информцијата на АХВ.

Директорот Агим Фејзулаху во разговор за Алфа вели дека труењето можеби настанало од храната во студенскиот, меѓутоа се сомнева, бидејќи овие студенти јаделе храна купена од надвор. Синоќа во мензата вечерале околу 600 студенти, а на труење се пожалиле само шест. Дел од студенти кои јаделе од истата храна велат не забележале нешто сомнително.

Реклама

Ваков ли студентски стандард ветуваше премиерот? – гласипрашањето на студентите од Студентски отпор, кои оспратија остра рекација по жалба од студенти.

  • Навистина сме згрозени сме од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники. Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот ,,ручек со студентите’’ на премиерот? Студентски отпор будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат“, се вели во соопштението на Студентски отпор. 

А токму премиерот Ковачевски седна на ручек со студентите за да покаже колку била добра храната во студенските домови. Крајот на ноември по гласните критики и протести на студентите поради нискиот студентски стандард ги посети за да напише на социјалните мрежи дека младите се иднината на оваа држава.

Викторија Миткова