Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Заврши интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“

Со проекција на македонскиот етнографски филм „Приказна за Русалиите“ од авторот Силвестер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со проекција на македонскиот етнографски филм „Приказна за Русалиите“ од авторот Силвестер Проле, во Битола заврши јубилејното петто издание на интернационалниот етнографски филмски фестивал (ИЕФФ) „Илинденски денови“.

Годинава на адреса на организаторот пристигнаа над 1.800 документарни филмови, а селекторот Тони Гламчевски за проекција избра 42 етнографски филмови.

-Оваа година ИЕФФ имаше програма што нуди перспектива и што ги менува перспективите. Во овие турболентни времиња, фестивалот создаде простор каде што слободата на создавање, слободата за размислување и слободата на изразување, цврсто се негуваат и бранат преку богатството на филмовите што ги презентира, но и преку дискусиите што ги поттикнаа филмовите- истакна Гламчевски.

Реклама

Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ се одржа со поддршка на Агенцијата за филм, а проекциите се реализираа во кино „Манаки“ на КИЦ Битола и киното на НУ Центар за култура Битола.