Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Завршен конкурсот „Најстаро издание на лектира“ во Делчево

Со доделување награди и признанија за учесниците, заврши конкурсот „Најстаро издание на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со доделување награди и признанија за учесниците, заврши конкурсот „Најстаро издание на лектира“ во организација на ЈЛБ „Илинден“, кој и оваа година ја потврди вредноста на старите книги како чувари на спомени, историја и културно наследство.

На конкурсот учествуваа вкупно 13 љубители на книгата, меѓу кои и четири деца, кои преку своите примероци покажаа дека лектирите не се само дел од образованието, туку и значајно сведоштво за времето во кое настанале.

Библиотеката на сите учесници им додели подарок книга, како знак на благодарност за нивниот ентузијазам, љубов кон читањето и заложбата за зачувување на книжевното наследство.

Реклама

Стручното жири ги награди и трите најстари изданија. Првото место го освои Анита Петровска со лектира од 1953 година, второто место му припадна на Сашко Јовановски со издание од 1954 година, додека третото место го освои Сања Даневска со лектира од 1963 година.

Од библиотеката истакнаа дека ваквите настани имаат особено значење за поттикнување на љубовта кон книгата, како и за подигнување на свеста за важноста на зачувување на старите изданија.

– Кога ја чуваме книгата, ја чуваме и нашата култура, историја и идентитет, посочуваат од ЈЛБ „Илинден“.

Организаторите изразија надеж дека конкурсот ќе прерасне во традиционален настан, кој секоја година ќе обединува нови генерации читатели и ќе потсетува на непроценливата вредност на старите лектири како мост меѓу минатото и иднината.