Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Жените од Куманово бараат поголемо учество во месните заедници

Поголемо учество на жените во раководствата на месните заедници и организирање демократски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголемо учество на жените во раководствата на месните заедници и организирање демократски избори за нивните органи беа главните пораки од јавната трибина што  се одржа во Куманово во организација на хуманитарното здружение „Мајка“. На трибината, организирана во рамки на годишната програма за работа на здружението, се разговараше за улогата на месните заедници како механизам за учество на граѓаните во локалното одлучување, како и за можностите за поголема застапеност на жените во нивните раководни тела. 

-Сакаме да отвориме дебата за тоа колку жените се вклучени во раководствата на месните заедници, дали се кандидираат на изборите и дали жените ги поддржуваат жените. Жените имаат поинакви потреби и нивното учество ќе придонесе за подобро препознавање на проблемите во локалните заедници – рече Лидија Илиевска од здружението „Мајка“.

Од здружението информираа дека од почетокот на изборите за нови раководства на месните заедници во Куманово, во раководството е избрана само една жена, во селото Романовце, и сметаат дека на наредните избори ќе има повеќе кандидатки и избрани претседателки. Во рамки на проектот, кој ќе трае до 2027 година, се работи на мобилизација на жените преку неформални женски групи и нивно обучување за јавно застапување пред локалната самоуправа и јавните претпријатија.

Реклама

На трибината говореа и жени од руралните средини, кои посочија дека нивните населени места се соочуваат со проблеми како недостиг на јавен превоз, канализација, уредување на патиштата, јавната хигиена и гробиштата. Тие ги повикаа жените поактивно да се кандидираат и да се вклучат во работата на месните заедници.

Од Општина Куманово информираа дека на нејзината територија има 68 месни самоуправи, од кои 16 се урбани, а 52 рурални.

-Во моментов активни се 34 месни заедници, додека кај останатите мандатот е истечен или сè уште не е избрано ново раководство – кажа Муарем Шакировски од општина Куманово.

Според податоците на Општината, во моментов само три жени се претседателки на месни заедници, а уште 11 се членки на советите. Од локалната самоуправа очекуваат овој број да се зголеми со спроведувањето на новите избори за месните заедници.