Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Експертите децидни: Протоколот мора да биде објавен

Тоа што власта не го објавува протоколот остава простор за поинакви толкувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тоа што власта не го објавува протоколот остава простор за поинакви толкувања на францускиот предлог – вели директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска. Она што во моментов е најпотребно според неа, е да се даде простор на Собранието за суштествена дебата, но сепак, е тешко да се предвиде дали може преговарачката рамка да се промени  како што тоа го бара опозицијата, посебно во делот на унилатералните изјави за македонскиот јазик и условот за прва меѓувладина конференција со отворање на Уставот.

Кацараска вели дека нема ништо залудно во широкиот консултативен процес за францускиот предлог, иако Софија веќе некколку пати повтори дека преговарачката рамка не може да се менува. Дека се работи за заклучен предлог, тоа го потврди и претседателот на Франција Емануел Макрон.

Но дали Македонија треба навистина да брза со прифаќањето на францускиот предлог? Посебно ако се земат предвид критиките на многу експерти од Македонија и регионот за политиките на проширување на Европската Унија, и потребните реформи внатре во Унијата.. „Недостигот на одлука за почеток на пристапните предогвори со Македонија и Албанија го поткопува кредибилитетот на Унијата“ – беше пораката која ја испратија експертите на денешнит форум „Западен Балкна и ЕУ во 2022 година“

Реклама

Според мене, ЕУ има направено сериозни грешки изминатата деценија, со тоа што здраво-за готово си земаше многу работи, игнорирајќи ги настаните во регионот, игнорирајќи одредени автократски тенденции, застанувајќи зад сопствената стабилност, затворајќи очи шред тенденции кои се јасни во многу земји во регионот. Ова испраќа порака за вредноста на тој однос на ЕУ, зборува за вредностите кои стојат позади процесот на проширување, и стана процес во кој се заборавени осносвните вредности и немојте да бидете изненадени што луѓето губат надеж рече ЃЕРЃИ ВУРМО – Институт за демократија и медијација, Тирана.

Oчигледни се негативните последици за кредибилитетот на Унијата, и нејзината моќ за трансформација. Состојбата со проширувањето, најдобро се илустрира со насловот на Шекспировата комедија „Многу врева за ништо.  Шолц инсистираше дека мора да се подготвни Унијата за проширување и дека се потребни реформи. Но самите членки се неволни да почнат разговори за коренити промени вели КОРИНА СТРАТУЛАТ – Центар за европска политика, Брисел.

Според експертите, во правата половина од 2022 година Европската Унија доживеала големи предизвици и промени, посебно со последниот состанок на Европскиот совет кога Украина и Молдавија добија кандидатски статус. Од денешниот форум се испрати порака дека Западен Балкан не смее веќе да заостанува бидејќи секој ден де повеќе се доведува во прашање кредибилитетот на Унијата.

Адријана Алексиеска

https://youtu.be/GYlTKrh9u10