Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Економско социјалниот совет заврши без договор

Синдикатите го одбија финалното предлог решение на Владата за нов општ колективен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатите го одбија финалното предлог решение на Владата за нов општ колективен договор, кој ќе ги уреди односите помеѓу државата и вработените во јавниот сектор. Најголем камен на сопнување во преговорите биле методологијата за идното покачување на платите и делот за исплата на к-15 додаток.

  • „Се договоривме дека за недела дена ќе треба да имаме нови предлози доставени од наша страна и да продолжиме со разговорите. Ние бараме начин за пресметка во јавниот сектор, во целиот јавен сектор исто. Од функционери до работници. Да утврдиме методологија.“ – Изјави секретарот на ССМ Златко Цветковски.

Работниците кои работат во претпријатијата кои се загубари не смеат да бидат дискриминрани и да не земаат К-15 како што предложила Владата – Вели Маријан Ристевски од конфедерацијата на синдикати, кој додава и дека за досегашните преговори не бил воден записник, не се знаело кој што предлага и што е прифатено, а што отфрелно.

  • „И сега бидејќи не се водеше запинсик, од кои не причини… Не сакам да верувам дека намерно да се пролонгира ова денеска што се случи. Се случи она што се случи. Пазете, они кажуваа К-15 нема да земат фирми/претпријатија кои што се загубари. Настана дискусија и од другите колеги во синдикатот. Да се каже дека е загубар некое јавно препријатие, тоа значи под стечај државата да оди.“ – Истакна претседателот на конфедерација на синдикални организации на Македонија, Ристевски.

Владата ќе чека на предлози од синдикатите до следниот четврток, а Економско-социјалниот совет не се знае кога повторно ќе заседава. Засега познато е дека тоа ќе се случи по празниците. И додека функционерите размислуваат како ќе ги трошат новите повисоки плати, синдикатите размислуваат на протести и штрајкови. Велат, за дел од пршањата немаат никакво усогласување со извршната власт, па ако нема разбирање, ќе излезат на улица.

Реклама

Никола Цветкоски