Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Д-р Цана: Седумина со западнонилска треска на Инфективната клиника, еден и натаму е во сериозна здравствена состојба

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска директорот на Клиниката, Фадил Цана. 

Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на Клиниката и не патувало надвор од државата. Другите шест лица, кои се хоспитализирани, појасни д-р Цана, се на возраст над 60 години, се во стабилна здравствена состојба и само едно лице од нив претходно патувало во Грција.  

– Кај сите хоспитализирани има вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Симптомите се висока температура, силна главоболка, дезориентираност, нарушена свест – додаде д-р Цана за МИА.

Реклама

Хоспитализираните заразата ја добиле од инфициран комарец, периодот на инкубација вообичаено трае од три до 14 дена по каснувањето, а повеќето поминуваат и без да знаат за присуството на вирусот.