Реклама

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Економија

Драстично поскапени горива, следува поскапување и на струјата

Владата мора под итно да направи енергетски план за да знаат граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата мора под итно да направи енергетски план за да знаат граѓаните на што се должи поскапувањето. Експертите за енергетика алармираат дека производството на електрична енергија на ЕСМ е драстично намалено за 1 милион мегават часови или неверојатни 250 милиони евра, па на ова ако се додаде недозволеното преземање од европската мрежа тешко 17 милиони евра, сега на грбот на граѓаните ќе падне новата цена на електична енергија од идниот месец зголемена за најмалку 10 проценти.

Изјавите за општините дека драстично ја зголемиле потрошувачката ја сметам за сосема неоснована. Никаде не видов кој временски период тоа се случувало и кои се тие општини кои се снабдувале со регулирани цени.  Да напоменам дека се работи само за улично осветлување, што би значело би требало да се вратиме на реалниот проблем а тоа е производството на ЕСМ, а не барајќи кривец во општините. Владата треба итно да направи долгорочен план во енергетиката и конечно да вклучи независни професионалци во проблематиката. Договарање во 4 очи за сите набавки и ископи секако не внесуваат надеж и не наидуваат на одобрување од граѓаните. Кога јавноста би била известена кој е енергетскиот план и со кои ресурси ќе располагаме во следниот период полесно би било да зборуваме за поскапување на електричната енергија во проценти. Дали 10 проценти е реално поскапување, мислам дека не, но мора да почекаме за да ги видиме сите информации вели за Алфа, САЊА БОЖИНОВСКА – енергетски експерт.

Дека производството на ЕСМ е драстично намалено не крие ниту регулаторот. Претседателот Марко Бислимовски иако ја оценува ситуацијата како исклучително лоша, Електрани на Македонија вели „како знае и умее ќе треба да ги обезбеди 100 проценти од потребната електрична енергија на регулираниот пазар“.

Реклама

Засега не се знае колкави трошоци пријавиле државните електрани од кои најмногу зависи колку ќе поскапи струјата. Преносниот оператор МЕПСО кој учествува во вкупната структура на цената со 3-4% побара поскапување од дури 68%.

Граѓаните ќе користат електрична цена по сегашната цена до крајот на овој месец, а веќе од први јули ќе добиваат сметки по нов тарифник, за кој екпертите се надеваат дека ќе биде добро скроен, за Регулаторот да го ублажи ценовниот удар.

Но колку ќе успее во тоа, ако се знае дека од денеска граѓаните во Македонија точат гориво по историски највисока цена? Бензиските станици од денеска, Еуросупер 95 и 98 го продаваат по 104 односно 106,5 денари а дизелот се точи по цена од 95 денари. Нашата влада наместо да ги продолжи мерките за намалено ДДВ на нафтените деривати ја врати и акцизата.

За разлика од кај нас, германските граѓани ќе плаќаат поевтини даноци за горивата и до 30 центи по литар. Владата во Германија тврди дека нема да дозволи народот да ја почувствува кризата. Со тоа практично литар гориво ќе има иста цена и во Македонија и во Германија. Во регионот, соседна Србија, го продолжи ограничувањето на цената на нафтените деривати до крајот на јуни, за како што велат да се помогне на животниот стандард.

Викторија Миткова