Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо

Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача денеска од Штип, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој одговараше на прашањето дали наскоро ќе се донесе Изборниот законик и кој е ставот на ЗНАМ по ова прашање. Димитриевски посочи дека за нив како партија воопшто не е спорно гласањето на дијаспората. 

 -За нас како ЗНАМ, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои што живеат или работат привремено во странство, бидејќи тоа право им е дадено со Устав и им е загарантирано. Само треба да се изнајде формата и начинот како тие да го остварат тоа право. Зборувам за учество на парламентарни и претседателски избори. Додека во делот за гласањето на локални избори, тие со резиденти на други општини во други држави – во дел од нив и имаат право да гласаат, така да… не даваме согласност за таква мерка – изјави Димитриевски.

​Тој истакна дека што се однесува до предлогот за една изборна единица, ЗНАМ како мал и нов политички субјект апсолутно го поддржува тој предлог. 

Реклама

-И доколку е прифатлив и за останатите политички субјекти во Македонија, секако дека истиот таков предлог ќе го поддржиме и ние-рече Димитриевски. 

Прашан дали очекува да се постигне консензус за Изборниот законик, Димитриевски одговори дека тоа зависи од сите политички чинители во земјата. 

​-Значи, јас не можам однапред ништо да кажам, бидејќи самиот процес не зависи само од ЗНАМ, зависи од сите политички чинители. Изненаден сум што оние што многу често се повикуваа за потреба на измена на самиот закон, денеска многу повеќе ги гледаме по најлуксузните летувалишта во регионот, каде што испраќаат од јахти и други луксузни локации политички пораки дека не се согласуваат со истиот и го блокираат самиот процес – подвлече Димитриевски, кој денеска со раководството на ЗНАМ присуствува на третата панел дискусија „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.