Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Економија

Денарот е стабилен, со фиксен девизен курс

Денарот е стабилен, со фиксен девизен курс. И во време на висока…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денарот е стабилен, со фиксен девизен курс. И во време на висока инфлација, не постои опасност од девалвација на нашата валута, сметаат економските експерти. Според нив Народната банка има капацитет и инструменти да го одбрани курсот на денарот.

  „Никој во државта во овој момент не треба да размислува за било каква промена на девизниот курс. Девизниот курс се одржа, остана стабилен и мислам дека тоа е фундаментот и стабилноста на македонската економија. Системските и структурни проблеми кои ги има македонската економија, а кои се фактор за бавната развојна динамика се сосема на друга страна, а не во делот на девизниот курс„ изјави проф-д-р Дарко Лазаров од Економскиот фкултет при УГД-Штип.

Експертите прогнозират дека во скоро време ќе се стабилизираат шоковите трендови во македонската економија и полека ќе се вратиме на ниските проценти на инфлација. Одредени предизвици во делот на девизниот пазар прават и иселениците кои праќаат пари од странство.

Реклама

  „Самиот факт што имаме многу иселеници коишто праќаат дознаки од странство, прават одредени предизвици  во делот на девизниот пазар , но затоа преку високото ниво на девизни резерви што ги има Народна банка, може слободно и сигурно да го одржува тоа ниво на девизниот курс„ изјави проф.д-р Стеван Габер од Економскиот факултет при УГД-Штип

Македонскиот денар денеска одбележува 31година од монетарното осамостојување, што беше тема и на научниот симпозиум што се одржа на Економскиот факултет при Универзитетот„ Гоце Делчев„. Нашите банкноти имаат симболи кои го изразуваат богатото македонско културно, историско и природно наследство.