Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Деведесет македонски граѓани чекаат да го напуштат Израел, опозицијата ја обвинува власта за неспособност

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа – за сега нема никаков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брачен пар од Македонија заглавен во Газа – за сега нема никаков начин да бидат евакуирани. Единствен излез им бил граничниот премин со Египет, но проблемот настанал веднаш кога тие пристигнале на границата – властите дале наредба за затворање на границите. Министерот за надворешни работи Бујар Османи смирува – се правеле напори нашите државјани да бидат евакуирани – но на кој начин, не знае никој.

Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа, објасни Османи. 

Од МНР велат дека досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 се очекува да пристигнат утре. Досега вратените граѓани, беа евакуирани со помош на Јордан, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија.

Реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Владата побрзо договара како што велат коцкарски бизниси, отколку авион за нашите сограѓани. Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира.

Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер летови. Ја повикуваме владата со брзината и посветеноста со која распишува огласи за коцкарски бизниси и оговара тендери во 4 очи да организира авионски превоз на нашите сограѓани кои војната ги затекна во Израел.Наместо нашите сограѓани да се снаоѓаат сами и да се превезуваат со транспорт на други држави власта да овозможи организиран и безбеден транспорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме нервозата меѓу македонските државјани таму расте бидејќи подолго време чекаат да бидат евакуирани. Од саботата живеат под закана од напади, а залихите со храна се многу мали. Хуманитарен чартер лет од македонска страна се уште не е организиран.

Aдријана Алексиеска