Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Групата наставници кои патуваат до долненските училишта, патните трошоци си ги плаќаат од џеб, иако МОН префрлало пари на општината?!

        Групата наставници кои од соседните општини секојдневно патуваат до своите работни места во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Групата наставници кои од соседните општини секојдневно патуваат до своите работни места во училиштата во општина Долнени, со години, трошоците за превоз си ги плаќаат од свој џеб. Нивните обиди проблемот да го решат со надлежните, останувал безуспешен. Градоначалникот ги игнорирал, а од МОН им било речено дека парите за таа цел редовно биле испраќани до општината и дека тоа треба да си го решат со градоначалникот. Стравувајќи за своите работни места, тие не сакаат да говорат јавно, па до нас се обратија писмено.

   „Некои од нас патуваат со комбиња, а некои со свои сопствени возила, па се договараат заеднички да го платат горивото на оној со кого патуваат. Во зависност од оддалеченоста на селото и видот на превозот, некои од нас плаќаат секој месец 2 000, 3 000, па сè до 4 000 денари месечно. Во ова кризно време во кое живееме тоа не се малку пари. Се чувствуваме дискриминирано и понижено, ако се земе предвид тоа дека нашите колешки и колеги кои живеат и работат во градот и другите општини добиваат месечен надоместок за патен трошок без разлика дали училиштето во кое работат им се наоѓа на 50 метри од нивниот дом, додека ние секојдневно патуваме со километри и за тоа си плаќаме од сопствениот џеб. Скоро секоја година добиваме ветување: „од септември ќе биде“, ама тој септември се’ уште не дошол“, пишуваат во писмото обесправените наставници чиј идентитет и’ е познат на нашата Редакција.

   Обесправените наставници се прашуваат каде завршуваат овие пари кои ним законски им следуваат, ако е точна информацијата дека МОН си ја исполнува својата обврска и средствата ги пушта редовно, особено што неисплаќањето траело со години?

Реклама

  Дали овие наводи се точни, одговор се обидовме да добиеме од градоначалникот на Долнени, Урим Ибески. Но, тој не одговори ниту на нашите телефонски повици, ниту пак на смс-пораката. Електронски допис со истите прашања испративме и до МОН, но и оттаму, до овие вести – молк.

 Каролина Дурло