Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Груби собира функции за да покаже кој ја има моќта и кој ја има одлучувачката функција во Владата

Од меѓуетнички односи, преку спортот, па се до координатор на проект вреден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од меѓуетнички односи, преку спортот, па се до координатор на проект вреден над 2 милијарди евра – со акумулацијата на функции во еден човек, во случајот вицепремиерот Артан Груби, власта испраќа јасна порака кој ја има моќта и кој одлучува во владата. Експертите сметаат дека во Македонија стан непишано правило, неквалитетните и неспособните луѓе да се поставуваат на високи позиции и да водат проекти кои се од клучно значење за нашата држава.

  • Воопшто не ме изненадува овој потег на премиерот и поставување на вицепремиерот условно да биде главен во сите зделки. Ако можеше на вицепремиерот да му се додели агенцијата за млади и спорт, а знаеме дека цело време упатуваа дека политиката не смее да влезе во спортот, а посебно меѓу младите, а доделува на министер којшто е за политички систем, се упатува јасна порака, ако тоа го прават, ова воопшто не е изненадување кога се поставува човек кој ги нема квалитеите за да води вакви круциални прокети кои се екстремно важни за Македонија“ дециден е Синиша Пекевски – аналитичар.

Тој вели дека како последица на ваквите случувања, граѓаните се изморени од политичката ситуација во Македонија и реакција на младите луѓе е масновното иселување односно желбата да заминат од тука.

Комуникологот Кордалов пак вели дека јасно е што сакаат од Владата да упатат како порака до јавноста со поставувањето на Груби како главен коррдинатор за инфраструктурни проекти.

Реклама
  • Главната порака која се испраќа или сака да се испрати е дека позицијата на Груби како прв вицепремиер е силна и е една од главните одлучувачки во Владата, односно како прв заменик на актуелниот премиер. Втората порака која јас би очекувал да се испрати е ако се открие било каков обид или било каков случај на точна корпуција дека навистина ќе се превземат било какви акции. Третата работа која би сакал да ја видам е да се елаборира зошто и на кој начин е потребно таквото поставуавње и зошто во интерес на граѓаните таа позиција ќе придонесе за подобро водење за целиот процес“ вели Бојан Кордалов – комуниколог.

Ова е последна позиција од низата функции кои ги има десната рака на Ахмети, Груби е и прв вицепремиер,министер за политички систем, координатор на коридорот 8, а сите позиции ги доби со амин од Владата, премиерот не гледа причина зошто Груби не би бил главен координатор за инфраструктурни проекти, нешто што по сила на должност е по ингеренции на министерството за транспорт, Ковачевски само кажа дека сепак главени ке биле од министерстовото, ама Груби две години бил во управувачкиот комитет за коридорот 8 и си ја вршел работата.

Мери Симоновска