Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Грковска само опоменува министри, за што зема плата од граѓаните?

До кога граѓаните ќе плаќаат вицепремиер за добро владеење кој нема никакви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До кога граѓаните ќе плаќаат вицепремиер за добро владеење кој нема никакви резултати? Славица Грковска наместо да се бори со криминалот и корупцијата во сопствените редови, постојано се брани со своите скромни надлежности, вперувајќи го прстот во Антикорупциската комисија која пак има само задача да истражува, но не и да постапува. Недозволено било да се користат служебните возила вели вицпермиерката но министрите од ДУИ, иако по нејзина опомена, повторно го прават истото.

  • Врз основа на документација од ДКСК изрековме опомени за Артан Груби, а и за Бујар Османи и Насер Нуредини. Не сум запознаена со случајот во саботата, но ќе видам за што станува збор. Досега сме се покажале дека не влијае врз нас тоа за кого станува збор, не е во ред да се повторува истата работа за која претходно сте биле опоменати“, потенцира Грковска.

Ова не е едиствената злоупотреба, бидејќи за видео спот министрите од ДУИ си поставија фудбалски и кошаркарски теренчиња во канцеларијата која ја користи Груби а е направена од народни пари. И за ова Грковска само мисли дека не е добро однесување бидејќи не било прифатено од јавноста – но каде се најзините дела да го спречи самоволието на Интегративците?

  • Кога станува збор за играњето на фудбал морам да признаам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста не сметам дека тоа е начин на којшто функционерите би требало да се однесуваат и мислам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како тие треба да се однесуват“, изјави таа.

И кога конечно новинарите ја прашаа вицепремиерката каде им е на функционерите платени од народни пари, етичкиот кодекс и моралот со оглед дека секој ден нов скандал ја здрмува Илиндеска, Грковска си замина и не одговори.

Реклама

Јавноста се почесто е сведок на користењето државни ресурси за партиски цели. Последен пример беше настанот во организација на ДУИ и лидерот Ахмети минатиот викенд, на кој министрите дојдоа со службени возила. На чело со првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за економија, Крешник Бектеши, за финансии – Фатмир Бесими, за образование- Јетон Шаќири ги искористија службените возила. Токму за арчот на државните коли за приватни цели на првиот дипломат Османи и првиот вицепремиер Груби, но и екс-министерот за животна Насер Нуредини,  Антикорупциска утврди и побара мерки од Владата, а Грковска само им испрати опомена која повеќе од очигледно ништо не им значи.

Викторија Миткова