Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Гран при за претставата „Анна“ на фестивалот „Златен лав“ во Умаг

Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, во продукција на Театар Комедија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, во продукција на Театар Комедија и Перипетија продукција, го освои Гран при – највисокото признание на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг. На истиот фестивал, актерката Маја Љутков беше наградена за главна женска улога за интерпретацијата на ликот на Анна.

Во образложението на жирито за актерската награда се истакнува дека Љутков „една од најтешките улоги од класичната литература, Толстоевата Ана Каренина, ја изнесе суверено, модерно и длабоко промислено“, пренесувајќи лик кој лесно комуницира со современата публика. Според жирито, актерката со уверлив израз го прикажува патот од силна, но несреќна жена до личност која губи сè поради љубовта, отворајќи прашања за слободата и цената што се плаќа за изборите.

За Гран при наградата, жирито оцени дека станува збор за „силна и потресна драма која остава длабок емоционален впечаток и го поставува прашањето во каков свет живееме“. Современата адаптација на класиката „Ана Каренина“ ги поврзува темите на семејни односи и општествени притисоци со денешниот дигитален контекст, каде репутацијата, како и во минатото, останува клучна, но се гради преку социјалните мрежи и инфлуенсерската култура.

Реклама

Претставата се базира на оригинален текст на Драгана Лукан Николоски, а режисерката Нина Николиќ, според жирито, суптилно ги води актерите кон трагичниот развој на приказната, создавајќи внимателно осмислен сценски простор кој ѝ овозможува на публиката непосредно да ја доживее приказната.

По успешното претставување во Умаг, следната фестивалска изведба на „Анна“ е закажана на Меѓународниот фестивал на камерна драма „Ристо Шишков“ во Струмица. Претставата ќе биде дел и од редовниот репертоар на Театар Комедија, а следната изведба е најавена за 23 септември 2026 година.