Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“. Таа му упати искрени честитки за постигнатиот успех, потенцирајќи го неговото достоинствено претставување на Македонија на регионалната музичка сцена, информираат од Општината.

На средбата било истакнато дека Кисела Вода претставува средина од која произлегуваат бројни млади, талентирани и успешни личности. Локалната самоуправа, како што беше наведено, останува посветена на нивната поддршка и промоција, особено во полето на културата и уметноста.

Во таа насока, во рамки на манифестацијата „Културно лето“ на Општина Кисела Вода, најавен е настап и на Никола Станишиќ, победник на „Ѕвездите на Гранд 2025“.

Реклама

– Кисела Вода отсекогаш била дом на талентирани, вредни и успешни млади луѓе. Наша обврска како локална самоуправа е да ги препознаеме, поддржиме и да им овозможиме нивниот талент да биде видлив и ценет. Искрено му честитам на Бојан за огромниот успех и убедена сум дека ова е само почеток на една блескава музичка кариера – изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.