Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Економија

Градежни активности во штипските населби Дузлак и Света Недела

Почна асфалтирањето на улицата „Драги Крупишки“, која ги поврзува штипските населби Дузлак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна асфалтирањето на улицата „Драги Крупишки“, која ги поврзува штипските населби Дузлак и Света Недела. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека претходно на оваа улица се работеше на промена на старата и несоодветна водоводна мрежа, која со години предизвикуваше чести дефекти и проблеми со водоснабдувањето. По завршувањето на работите со водоводната линија, од денеска започна и асфалтирањето на улицата. 

-Сакам да ја известам јавноста за активностите кои се преземаат од страна на општина Штип. Се наоѓаме на улицата  ,,Драги Крупишки“, оваа улица ги поврзува населбата Дузлак со населбата Света Недела. Во минатото оваа улица имаше неколкукратен проблем. Пред се, со честите дефекти на водоводната линија, која не соодвестуваше со потребите на жителите од населбата Света Недела, а поради честите дефекти асфалтната маса во минатото беше целосно оштетена. Несоодветна водоводна мрежа се замени со нова, преку Јавното претпријатие „Исар“. Активностите поврзани со водоводната линија за подобрување на притисокот за водоснабдување во населбата Света Недела ќе продолжат и во следните денови за конечно решавање на долгогодишниот проблем кој го имаат овдешните жители-изјави Јорданов.

Тој апелираше до граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи се можни прекини со водоснабдувањето.

Реклама

-Апелирам за трпеливост до граѓаните, затоа што сите активности кои се преземаат се поврзани со водоводни линија, потребата од реконструкција налага и прекин во одредени зони во водоснабдувањето. Но верувам дека сите активности по завршувањето ќе донесат благодат на сите граѓани затоа што со реконструкциите долгорочно го решаваме кој сме го наследиле-вели Јорданов.