Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Економија

Година на протести – Граѓаните креваа глас но власта не ги слушаше

Граѓаните никогаш погласни, власта никогаш потивка. Наместо година која требаше да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните никогаш погласни, власта никогаш потивка. Наместо година која требаше да ја одбележи економското заздравување од Ковид пандемијата, си дочекавме година на граѓански отпор. Неретко сликата на Илинденска, а пред Законодавниот дом  беше рој од незадоволни граѓани кои си ги бараат правата.   Уште на стартот на годината,  во февруари 2022,  започнаа протестите за раст на минамaлната плата на 18.000 денари . Синдикалците мораа да излезат на улица, за да биде слушнат гласот на работникот и минималецот да се покачи

Владата се пофали дека ги слуша барањата за работниците, кренаа рака заедно со синдикалите и ветија дека ќе работат за подобрување на стандардот, ама тоа траеше кратко.  Го покачија минималецот, но не ги усогласија останатите плати, што доведе до низа протести и штрајкови.

-Решението е едноставно, Владата треба да го покачи бодот. Тоа може да го направи за половина час, за сите да бидат задоволни, изјави Благоја Ралповски.

Реклама

Ова не се случи, ниту во приватниот ниту во јавниот сектор не се усогласија платите. Барањето на синдикатот да се покачи платата на вработените во јавниот сектор за 2806 денари , не беше исполнето од власта. Додека синдикатите  поставуваа столчиња пред Собранието, Владата, Министерствата, функционерите остануваа глуви на нивните пораки .  Борбата за работничките права, синдикатот ја водеше на плус 35 степени , а нивните соперници од фините фотељи им порачуваа дека работеле на методологија за пресметка на платите. Тоа што не успеаја да се договорат, резултираше со генерален штрајк ан јавната администрација, a методологијата не ја видовме до ден денес.

 Тие не ни понудија ништо друго, не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде што ќе се усогласи методологијата, убедувајќи не дека административниот службеник и давателите на јавни услуги се непродуктивни работници, што не е така, рече Дарко Димоски на 21.06. 2022

Се протестираше низ повеќе делови од државата. Земјоделците пробуваа на секаков начин да биде слушнат нивнот глас и нивните пораки. Незадоволни од третманот на државата блокираа патишта со механизација и луѓе.

АТМОСФЕРА Пиперки на буниште

Храната ќе биде страшно скапа, ќе јадеме храна од сомнителен квалитет. Ќе имаме страшни проблеми, вели Ѓорги Каракашев , земјоделец.

И не само во однос на економските активности. Владата не ги слушаше граѓаните ниту кога едногласно кажаа „ НЕ“ за францускиот предлог . Млади и стари, леви и десни сите едногласно сполтени бараа Владата да каже „НЕ“ на  Францускиот предлог

Патриотизмот и стравот дека ќе се изгуби идентитеот , беше неважен за Владата.  сепак Властите не слушнаа и кажаа „ДА“

Најпосле, филмот им пукна и на студентите. Обидот да се скрати висината на студентскиот оброк ги налути и извади на улица. Академксите граѓани дадоја  жолт картон на Владата и со едноминутно молчење го погребаа студентскиот стандард.  Им побараа , да си ги заменат оброците барем на еден ден

За почеток бараме топла вода во студентските домови , порачаа студентите.

Годината кулминираше со протестот на приватнните превозници. Скопје како метрополоа во 21 век живее во сообраќаен хаос, а Владата повторно со ветувања, овој пат псотави и услов , не работеле под уцени и закани. Автобусите се повлекоја, ама Премиерот повторно не ги прими .

Вакво се на се економско опоравување доживеамве во 2022, а за во 2023

да сме живи да сме здрави

Кристина Алексиеска