Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат,  досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар

Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се  средства за сите заинтересирани до крајот на годината.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во сообраќајот.

-Мотото на овој проект е „Вози совесно“, а токму тоа ни е и целта, младите навремено да се стекнат со возачка обука, да бидат подготвени и одговорни кога ќе седнат зад воланот. Со оваа мерка не само што им помагаме финансиски, туку вложуваме и во поголема безбедност во сообраќајот- порача Герасимовски.

Реклама

Право на еднократна субвенција од 10.000 денари имаат младите родени 2007 и 2008,   кои ќе достават барање, копија од лична карта и  трансакциска сметка, доказ за уплата во автошкола и потврда дека автошколата е регистрирана на подрачјето на Општина Центар. Од оваа година, општината овозможи и исплатата да се изврши на сметка на родителот, доколку така е побарано.

Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31 декември 2026 година.