Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Економија

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот: власта се фали со намален јавен долг- инаку ефект од инфлацијата

Инфлацијата го намали јавниот долг, ама власта си го препиша тоа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата го намали јавниот долг, ама власта си го препиша тоа на нивната успешна работа.

Од ВМРО- ДПМНЕ реагираат дека јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра и дека прекроената државна каса не е во функција на граѓаните. Владата со ребалансот ја намалува  проекцијата за економски раст од 4,6 % на 3.2 %, но прашање е и дали и овие проекции ќе се остварат.

Македонија во 2022 година ќе пробие уште една психолошка граница и јавниот долг ќе надмине 8 милијарди евра. Ако на 48% јавен долг СДСМ велеа дека не чека грчко сценарио, сега какво сценарио не чека? Македонија е една од земјите која има највисок пораст на јавниот долг од периодот пред корона кризата. Од кога се дојдени на власт, јуни 2017, па до крајот на оваа година ќе направат нов нето долг од над 3,5 милијарди евра, а капиталните расходи никогаш не биле пониски, изјави Игор Здравески од ВМРО- ДПМНЕ

Реклама

Од Власта пак упорно тврдат дека успеале да го намалат јавниот долг на 55% од БДП, занемарувајќи ги реакциите од експертската јавност дека ова е ефектот на високата инфлација, односно   резултат на зголемените трошоци и цени, а не поради тоа што Владата ги вратила долговите.

Бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година. Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците, вели Лолита Ристова од СДСМ.

Од опозицијата реагираат и дека со ваквиот ребаланс има историско најниски капитални расходи.  Во услови на рекордна инфлација, Владата ќе одвои само 76 милиони евра  кои ќе се искористат за мерки за помош на граѓаните. Опозицијата реагира дека се предвидени средства од  извоз на храна, во моментите кога не се знае дали ќе имаме доволно храна дома.

Со прекројувањето , државата ќе не задолжи  речиси една милијарда евра. Досега се поднесени вкупно 204 амандмани од кои 174 од ВМРО- ДПМНЕ, 28 од Алијанса за албанците и 2 од СДСМ.  

Кристина Алексиеска