Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Време е за народна буна, велат активистите против рудници во струмичко

Протести и тужби против сите кои се вмешани во скандалозната одлука со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протести и тужби против сите кои се вмешани во скандалозната одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука„ во Струмичката котлина, најавуваат еко активистите од „Здрава котлина„. По владината одлука,  револтот кај жителите расте, а реакциите не стивнуваат. Тврдат дека ако се дозволи отворање на рудник за ископување на злато и бакар, тоа ќе значи смрт не само за котлината, туку и за зелените појаси во Грција и Бугарија.

Тоа значи немири, протести  се додека не се врати старата одлука на Управниот суд. Оваа одлука е толку скандалозна и еден ден сите учесници ќе одговараат пред судот. Тоа е криминал  и некој мора да одговара„ изјави Костадин Ристоманов, од „Здрава котлина„ и независен советник во Советот на Општина Ново Село.

Одлуката на Владата е објавена во најновиот број на „Службен весник„ каде пишува дека е донесена одлука за спојување на концесиите за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина-бакар и злато на локалитетот „Иловица„ Општина Босилово и Општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс ресорцес – ДОО Скопје. Еко активистите се децидни дека со одлуката на Владата да се спојат двете концесии и одлуката на Управниот суд  повторно на маса ја стават идејата за отворање на рудникот.

Реклама

Невозможно е за не повеќе од 12 месеци истиот Управен суд да ја смени спротивно својата одлука. Од одлука потврдувајќи го решението на Владата за одземање на концесијата, до денешната одлука која е спротивна од претходната на истиот Управн суд, нормално со различен составна судиите, но со спротивно дејство„ објаснува Ристоманов.

Проектот предвидува над Штука и Иловица да се изгради рударска брана во висина од 276 метри за складирање на токсини. Активистите тврдат доколку истата попушти може да ја контаминира, но и трајно да ја уништи почвата и водите во целата Струмичка котлина. Струмичките активисти водат долгогодишна битка, а во 2019 тогашната Влада ,кога премиер беше Зоран Заев соопшти дека е донесено одлука за раскинување на договорот за концесија и го прикажа како голем успех и начин дека се грижи за здравјето на граѓаните. 

Александра Ристевска