Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Економија

Во ХЕ „Шпилје“ во првата половина од годинава 30 отсто поголемо производство од истиот период лани

Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар во првата половина од годинава, забележано е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар во првата половина од годинава, забележано е поголемо производство за 30 отсто, споредено со истиот период минатата година. 

-Во првото полугодие од годинава ХЕ „Шпилје“ испорача 186.428 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на планот за 30 проценти за предметниот период. Вака доброто производство услови заклучно со јуни, да бидат реализирани околу 68 отсто од вкупниот годишен план-  велат за МИА од ЕСМ.

Додаваат дека покрај солидниот производствен резултат, во акумулацијата на почетокот на јули се бележи исполнетост од преку 71 отсто, што претставува одлична резерва во пресрет на новата грејна сезона. Просечниот дотек на вода во акумулацијата, во моментов, се движи помеѓу 11 и 14,5 кубни метри во секунда. 

Реклама

-Во однос на истиот период минатата година, производството од хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“  што го сочинуваат хидроенергетскиот систем „Црн Дрим“, е зголемено за околу 96 проценти. Двете хидроелектрани испорачале вкупно 306.335 мегават часови, додека во истиот период лани се произведени 156.294 мегават часови електрична енергија.