Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Во тек амандманската расправа за ребалансот на буџетот, отфрелни неколку амандмани од ДУИ

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во денешното продолжение на седницата досега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во денешното продолжение на седницата досега не прифати ниеден од предложените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. 

Отфрлени беа неколку амандмани на ДУИ со кои се бараа дополнителни финансиски средства за инфраструктурни проекти во повеќе населени места, како и за изградба на жичница од Тетово до Попова Шапка. 

Како што објасни заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, средствата за инфраструктурните проекти се веќе предвиени и обезбедени преку повеќе програми, како онаа за рамномерен регионален развој, како и преку буџетите на министерствата.

Реклама

Членовите на Комисијата од владејачкото мнозинство укажаа дека ДУИ додека беше на власт, имаше можност да реализира повеќе инфраструктурни проекти за кои сега бара пари, но тоа не го стори.

Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ се осврна на амандманот за жичницата.

– Не зборуваме дали ова е добра идеја, туку дали амандманот е реален и солидно подготвен зашто секој денар треба да биде поткрепен со проект. Ова не е првпат да слушаме големи ветувања за Попова Шапка. Последното беше кога ДУИ, како дел од власта, најави проект од 168 милиони евра за ски-центар. Сè звучеше одлично, но инвестицијата не се реализира. Ние сакаме проект што ќе се изгради, а не само да даваме ветувања. Дали постои готов основен проект за жичницата, ревидирана техничка документација, оебзедена градежна дозвола, тендерска документација..? Ако одговорот на едно од овие прашања е „не“, тогаш парите што ги барате нема да изградат ниеден столб од жичницата – потенцира Петкоска.

Муса Џафери од ДУИ оцени дека има дискриминација и максимална централизација кога станува збор за распредлбата на државниот буџет. 

Во тек е расправата за амандманот на Левицата за изградба на социјални станови. 

За ребалансот на буџетот се поднесени 224 амандмани: 90 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левицата и пет од „Вреди“.