Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Во Собранието седници на шест комисии, на дневен ред енергетика, образование и безбедност

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за економски прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, која во текот на денот ќе одржи две седници. На дневен ред на дел од комисиите се повеќе предлог-закони од областа на енергетиката, транспортот, образованието. меѓународната и привремената заштита и осигурувањето.

Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.

На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, по скратена постапка. 

Реклама

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за меѓународна и привремена заштита, по скратена постапка е на Комисијата за одбрана и безбедност, додека на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, по скратена постапка.

Воедно, ќе се одржи и седница на Комисијата за образование, наука и спорт на чиј дневен ред во прво читање се предлозите на закон за високото образование, на закон за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и на закон за научноистражувачката дејност

На дневниот ред на 185. седница на Законодавно-правната комисија, во прво читање ќе бидат разгледани предлозите на законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и науката и за научноистражувачката дејност, како и одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во Република Северна Македонија.

Законодавно-правната комисија ќе ја одржи и 186. седница на чиј дневен ред по скратена постапка се предлозите на закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, за изменување и дополнување на Законот за автокампови, на Законот за меѓународна и привремена заштита и за изменување на Законот за супервизија на осигурување.