Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Во пожарот во Кумановски суд изгореа документи за истраги и предмети

Архивата на кумановски суд стана пепел. Кои истраги и предмети ги зафати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Архивата на кумановски суд стана пепел. Кои истраги и предмети ги зафати пожарот кој гореше цела ноќ, допрва ќе се испитува. Експерти од крим-техника ќе ги истражуваат причините за пожарот што избувна во подрумските простории на Основниот суд во Куманово. Министерот Спасовски најави дека по увидот ќе се знаат причините, а неофицијално претпоставките се дека причината за огнот, најверојатно, е проблем со струјата.

  • „Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од Одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот“, рече Спасовски.

Седум пожарникари со две цистерни повеќе од 10 часа се обидуваа да го изгаснат пожарот. Се кршеа металните решетки за да влезе во просториите од задната страна на објектот и пожарникарите да дојдат до жариштето.

Во зградата на Основен суд Куманово се наоѓа и Јавното обвинителство и Народониот правобранител. Вработените утрината добиле пораки да не доаѓаат на работа бидејќи нема услови.

Реклама

Пожарите станаа честа појава во државни институции.  Ова не е прв пат документи, истраги и докази да се претворат во пепел. Претходно изгореа документи во Министерството за правда, потоа пожар имаше во Инспекторат за животна средина, гореа бараките на поранешниот суд за прекршоци, а претходно изгоре и шалтер салата во Македонски Пошти.

Поплавено беше и згаснатото Специјалното јавно обвинителство, но за ниту еден случај не беа обелодените причините или виновниците.

Викторија Миткова