Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1

Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители.

Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и Словенија регистрирале највисоки соодноси, со 43,3 и 40,2 судии на 100 000 луѓе. Следат Луксембург (36,0), Бугарија (35,4) и Романија (35,3). Од друга страна, најмалку имале Ирска со 3,6 судии на 100 000 луѓе, по што следат Австрија (4,3), Шпанија (6,2), Чешка (6,7) и Италија (7,9).

Во регионот најмногу судии на 100 илјади жители има Црна Гора – 42,49, потоа следи Србија со 40,18, Бугарија – 35,37, Грција – 26,06, Македонија – 20,15 и Турција – 16,66. За Албанија и Косово нема податок за 2024 година. За Албанија последниот податок е за 2023 кога имала 8,87 судии на 100 илјади жители, додека за Косово е од 2019 година кога има 23,33 судии на 100 илјади жители.

Реклама

Во повеќето земји од ЕУ, жените професионални судии се позастапени. Само во Ирска уделот на машки судии (56,4%) е поголем од бројот на жени судии (43,6%). Во Словенија, судијките претставуваат 81,4% од сите професионални судии (694 жени наспроти 159 мажи), што е највисок удел меѓу земјите од ЕУ, а веднаш по нив следува Латвија со 79,7% жени судии (408 наспроти 104). Судството во Германија е речиси рамномерно поделено, при што судијките претставуваат 50,7% од сите професионални судии (11 139 наспроти 10 813).

Во Македонија речиси две третини од професионалните судии се жени (61,4%) во 2024 година. Во регионот највисок процент на жени судијки има Грција (75,5%), потоа следи Србија (73%), Босна и Херцеговина (64,8%), Бугарија (64,4%), Црна Гора (63,3%) и Албанија (55%). 

Професионален судија, според дефиницијата на Евростат, се вработени официјални правни професионалци (со полно или скратено работно време) овластени да слушаат граѓански, кривични и други случаи, вклучително и во апелациони судови, и да донесуваат одлуки во суд, кои се регрутирани и се платени за да работат како судии. Оваа категорија ги исклучува непрофесионалните судии како што се судиите-поротници и магистратите-поротници.