Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Во Дебар сезоната на свадби почна подоцна, а нивниот број летово е многу помал од претходните

Сезоната на свадби во Дебар почна, но подоцна од изминатите години, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сезоната на свадби во Дебар почна, но подоцна од изминатите години, а според сопствениците на угостителските објекти нивниот број ова лето ќе биде помал од порано. 

-До пред неколку години, сезоната на свадби започнуваше во средината на мај и почетокот јуни, кога најпрво доаѓаа иселениците од САД, а потоа и оние од западноевропските земји и траеше до крајот на август. Во тој период, речиси беше невозможно да се најде слободен датум, бидејќи резервациите беа правени многу порано. Оваа година домашните веселби почнаа кна почетокот на овој месец, но нивниот број е значително помал. Ова лето ќе има околу 30 отсто помалку свадби, тврдат угостителите.

Според нив, сè уште има слободни датуми, додека претходните години немале ниту еден нерезервиран ден  во текот на целата летна сезона.

Реклама

Една од главните причини за овој пад, е промената во навиките на младите генерации на иселениците. Во минатото, повеќето жители на Дебар кои живеат и работат во странство организираа свадби во своите родни места, додека денеска многу од нив избираат да прават  вакви церемонии во земјите каде што живеат. 

Дел од младите брачни парови наместо скапите свадби, преферираат патувања до познати егзотични места, а некои средствата што ги имаат ги инвестираат во купување стан.

Ваквата состојба секако ги погодува и музичарите, фотографите, снимателите, декоратерите, слаткарниците и многу други, а помалиот број пристигнати иселеници и трговците, кои најголемиот промет го правеа токму во летните месеци, кога во родниот крај присуството на иселениците беше масовно.

Во изминатите години престојуваа по повеќе од четири илјади иселеници, главно од западноевропските земји, кога градот оживуваше. Се правеа многу свадби и други домашни веселби, плажата на Дебарско Езеро беше преполна од млади а трговците задоволно ги триеја рацете од направениот промет.