Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Прилози

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Некогаш реконструкција на Влада се прави поради промена на приоритетите, не секогаш…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Некогаш реконструкција на Влада се прави поради промена на приоритетите, не секогаш таа мора да е поради добри или лоши резултати, порача премиерот Христијан Мицкоски, во пресрет на финализирањето на новиот владин кабинет. Според него она што е најважно е дека државата сега е стабилизирана и состојбата е консолидирана, бидејќи пред две години не започнале од нула, туку од длабок минус.

-Понекогаш рекунстукцијата се прави затоа што се менуваат приоритетите. Можеби тие приоритети пред две години имале една форма, после две години имаат друга форма и логично е да владините коалициони партнери во овие две години да ги искатализираа сопствените приоритети онаму кај што можат најмногу да допринесат. Мислам дека оваа реконструкција ќе биде во тој дух, изјави Мицкоски.

Мицкоски очекува во втората половина од мандатот на Владата, работите да бидат уште подобри и да биде заокружен успешен четиригодишен мандат. Вели државата, конечно е консолидирана, и сега треба да сме подготвени да забрзаме напред.

Реклама

-Секој од владините партнери има приоритети во одредени области, ќе има промена на ресори и во насока на тоа, ценам дека во следниот период оваа Влада, се разбира ако ја добие довербата од пратениците која планираме каква што треба да биде, дали ќе биде во рамките на онаа една третита или ќе биде повеќе очекувам успешно да го заврши својот мандат, изјави Мицкоски.

Преговорите меѓу коалиционите партнери од власта продолжуваат.  Од ЗНАМ велат дека во моментов нема финално решение.  

-На маса се сите отворени теми, нема конечен договор за ниту едно прашање. Разговорите во континуитет продолжуваат во наредните денови и очекуваме разврска на сите настани да биде кон средината на следната недела, изјави Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Премиерот Мицкоски кажа дека во вторник следната недела ќе биде одржан Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по кој ќе се знаат персоналните решенија и промената на ресовите во рамки на планираната реконструкција.

Матеја Петровски