Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Во Велес за првпат се одржа дефилето „Отворив очиња – видов ден“

Под мотото „Отворив очиња – видов ден, синоќа во Велес за првпат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Отворив очиња – видов ден, синоќа во Велес за првпат се одржа дефилето на бебиња во колички, нивните мајки и трудници, во организација на ЈЗУ Општа болница Велес. Настанот беше инициран од здравствените работници од Гинеколошко-акушерското одделение, со поддршка од Општина Велес.

Дефилето симболично го претстави патувањето од бременоста, преку породувањето, до првата прегратка и првите моменти на родителството. По прошетката низ градот, учесниците се собраа во Младинскиот парк, каде што се дружеа здравствените работници и младите семејства кои во изминатите две години учествувале во програмата „Подготовка за раѓање“, што успешно се реализира во рамки на Гинеколошко-акушерското одделение.

Настанот беше збогатен со музичка програма, детска анимација, фотографирање и бројни изненадувања за најмладите и нивните семејства.

Реклама

Пред присутните се обрати иницијаторот на настанот, медицинската сестра Видосава Тончова, која истакна дека идејата произлегла од долгогодишното професионално искуство на неа и нејзините колешки од Гинеколошко-акушерското одделение.

-Нашата работа не е само професионална обврска, туку и привилегија да бидеме дел од моментите кога започнуваат нови животни приказни на семејствата. Веруваме дека секоја насмевка, секој убав спомен и секое семејство  понесе дел од атмосферата на овој ден, а што  ќе биде потврда дека заедно сме создале нешто вредно и трајно за нашата локална заедница- потенцира Тончова.

Таа додаде дека токму желбата овие незаборавни моменти да бидат одбележани и споделени со пошироката јавност ја родила иницијативата „Отворив очиња – видов ден“, чија цел е да ја слави убавината на родителството, љубовта и новиот живот, но и да прерасне во нова велешка традиција што ќе ги обединува семејствата и здравствените работници.

Организаторите најавија дека манифестацијата ќе се одржува традиционално секоја година на 28 јуни – празникот Видовден.

Од Гинеколошко-акушерското одделение при ЈЗУ Општа болница Велес ги информираа присутните дека годинава одделението е опремено со нова медицинска и друга современа опрема, со што значително се подобрени условите за престој на родилките и нивните новороденчиња. Воедно, тие упатија повик до сегашните и идните трудници од Велес и поширокиот регион своето породување да го изберат токму во велешката болница, нагласувајќи дека за мајките и бебињата се грижи искусен и стручен тим од акушерки, медицински сестри и лекари.