Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Свет

ВОА: Следната недела лидерите на Нато на самит во Литванија

Војната против Украина и тензиите во Тајванскиот теснец се географски далечни. Но,…

Сподели:

Војната против Украина и тензиите во Тајванскиот теснец се географски далечни. Но, геополитички, двете се меѓусебно поврзани, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно оваа година во Токио.

„Ако претседателот Путин победи во Украина, ова ќе испрати порака дека авторитарните режими можат да ги постигнат своите цели преку брутална сила. Ова е опасно. Пекинг внимателно следи и учи лекции кои можат да влијаат на неговите идни одлуки“, рече Столтенберг.

Доколку кинескиот лидер Шји Џјинпинг одлучи да го нападне Тајван, САД и НАТО би можеле да бидат вовлечени во конфликтот – непредвидена ситуација што алијансата треба да ја планира. Минатата година на самитот во Мадрид, стратешкиот концепт на НАТО ја означи Кина како „системски предизвик за евроатлантската безбедност“.

Реклама

Оваа година на самитот во Вилнус, Литванија, тие ќе треба да го преиспитаат концептот на дело.

Надвор од загриженоста за Тајван и за слободата на навигација, НАТО е загрижен за растечката контрола на Пекинг врз критичната европска инфраструктура како што е 5Г мрежата и нејзиното влијание врз работењето.

„Значи, сајбер и хибридните активности, но и генерално, кинеското политичко влијание во Европа, се разбира, е се поголема загриженост“, вели Анка Агачи од Атлантскиот совет во Вашингтон.

Индо-пацифичките партнери Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја по присуството на самитот на НАТО минатата година, тие повторно ќе учествуваат и оваа година.

„Овие индо-пацифички земји имаат уникатно искуство во ангажманот со Кина и можат да донесат вредна перспектива на таа дискусија“, рече Џон Кирби од Советот за национална безбедност на САД.

Иако сојузниците може да се согласат дека предизвикот со Кина е реален, тие се разликуваат околу тоа како да се реши.

Многу европски земји во голема мера се потпираат на кинеските инвестиции и трговија. Според податоците на ЕУ, Кина учествува со речиси 10 отсто од извозот на Европа и околу 20 отсто од нејзиниот увоз.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка