Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се преземаат конкретни чекори за реформи во јавната администрација, нов систем за раководители, обуки за службениците и дигитализација

Во изминатите две години реализирани беа реформи во јавната администрација, кои придонесуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите две години реализирани беа реформи во јавната администрација, кои придонесуваат кон создавање професионални, ефикасни и одговорни институции, за да им се обезбедат поквалитетни услуги на граѓаните.

Клучен чекор е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции преку јавен оглас, јасни критериуми и избор според знаење, компетентност и професионално искуство. Истовремено, се воведуваат механизми за следење на нивната работа и поголема одговорност за крајните резултати – се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. 

Академијата за јавна администрација е носителот на обуките, а преку модернизацијата на Центарот за обука, повеќе од 1.000 административни службеници веќе поминаа обуки и добија пристап до современ електронски систем за учење. Воедно, се унапредуваат системите за управување со човечки ресурси, транспарентноста и процесот на подготовка на законите преку пошироки јавни консултации.

Реклама

Овие промени значат администрација во која стручноста е на прво место и институции кои ќе работат поодговорно и поефикасно.

Реформите продолжуваат и во наредниот период, со цел да се изгради модерна, професионална и ефикасна јавна администрација.