Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Реформите носат резултати, 31,7 милиони евра од Планот за раст се обезбедени за дигитална трансформација

Додека СДСМ со години зборуваа за реформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека СДСМ со години зборуваа за реформи, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати.

Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација.

Овие средства не се добиени по случајност, ниту поради празни политички ветувања. Тие се резултат на сериозна работа, исполнети реформи, донесени законски решенија и јасна политичка волја државата конечно да се движи напред.

Реклама

Дигиталната трансформација не е парола, туку реална промена која значи побрзи услуги, помалку бирократија, пократки процедури и институции кои работат во интерес на граѓаните.

Во 2025 година беше донесен најобемниот пакет закони во областа на дигиталната трансформација, со што беа поставени темелите на модерна, ефикасна и европски усогласена држава. Овој реформски процес продолжува со истото темпо и во наредниот период, со цел целосно исполнување на Реформската агенда.

Разликата денес е повеќе од очигледна. Наместо застој и блокади, има напредок. Наместо изговори како во минатото и владеењето на СДСМ, сега има резултати.

Наместо декларативни заложби, има реформи кои носат европски средства и директна корист за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да се врати во период на неработење и пропуштени можности. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реформи, инвестиции и дигитализација кои ја прават државата поефикасна, поконкурентна и вистински сервис на граѓаните.

Македонија забрзува.