Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата навремено го решава проблемот во Гостивар

За разлика од кадарот на СДСМ, ДУИ и Таравари, во името на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За разлика од кадарот на СДСМ, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО. Дополнително се работи и на отстранување на проблемот, со кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби. И најважно, очекуваме во оваа истрага обвинителството и судството да си ја завршат својата работа, а не како пред 6 години кога за модуларната болница, наместо Филипче, виновен да е кабелот.

Ете, ова е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во време на кризни моменти. Некои ја сфаќаат сериозно работата и испорачуваат, а други ликуваат.

Реклама