Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Деловникот во Советот на Општина Неготино важи за сите подеднакво, затоа не може да биде привилегиран никој ниту советникот Темелков

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино остро реагира на ставовите на МААК…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино остро реагира на ставовите на МААК во врска со случајот со советникот Љубе Темелков. Ставовите во соопштението се само обид да се претстави како жртва недоличното однесување на советник на кое  јавноста со месеци сведочи следејќи ги седниците на Советот – сe вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние како ОК Неготино јасно укажуваме дека никој не беше отстранет поради политичко мислење, туку поради непочитување на редот и на правилата според кои функционира Советот. Мора да се знае дека демократијата подразбира право на говор, но и почитување на другите.

Советникот Љубе Темелков речиси на секоја седница на Советот избира конфронтација наместо аргументи, лични дисквалификации наместо конструктивна расправа и театар за јавноста наместо работа во интерес на граѓаните.

Реклама

Укажуваме дека никој нема привилегија да биде над Деловникот. Истите правила важат за сите 15 советници, без разлика дали се од власта или опозицијата.

Наместо соопштенија полни со политички квалификации, многу покорисно би било МААК да го повика својот советник да го почитува Деловникот, институцијата и достоинството на Советот. Доказ за тоа што се случува не се партиските соопштенија, туку јавните снимки од седниците.

Советот на Општина Неготино ќе продолжи да работи согласно законските прописи, почитувајќи ги процедурите и демократските принципи, обезбедувајќи ред, достоинство и ефикасност во работењето.