Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ „Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале СДСМ и ДУИ“

Крешник Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крешник Бектеши го потопи Ковачевски, призна дека концесијата за Иловица ја дале СДС и ДУИ, сега уште да кажат што договориле со Дестани!?, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од најголемата опозициска партија велат дека Крешник Бектеши признал дека СДСМ и ДУИ се тие кои ја дале концесијата за Иловица и со тоа ги помножил со нула Ковачевски и СДСМ кои една недела градат реторика на лаги, и покрај сите документи кои излегоа во јавноста и ги негираат.

„И не само што СДС и ДУИ се виновни за Иловица, туку истите тие дозволиле во рудникот наместо светски познатата компанија за тргување со метали Трафигура, со годишен обрт од 300 милијарди долари да влезе компанија на семејството Дестани од ДУИ. Дестани немаат никакво искуство од копањето на метали, особено не на злато, народот во струмичко со право е вознемирен дека постои опасност од контаминација на почвата“, велат од партијата.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ прашува со што Дестани ја убедил владата и истата му дозволила да преземе удели во Иловица? Дали поврзаноста со ДУИ или можеби нешто друго било пресудно за власта да биде уверена дека Дестани е вистинскиот избор, и наместо да го одбие барањето на Дестани за преземање, го прифатила.