Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

И покрај неизвесноста на светските пазари, растот на цените на нафтата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај неизвесноста на светските пазари, растот на цените на нафтата и геополитичките тензии, Владата уверува дека економската состојба во Македонија останува стабилна и дека навремено се преземаат мерки. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе биде продолжена кризната состојба, а ќе биде донесена и одлука за намалување на акцизите за бензинот и дизелот.

„Денеска, на вонредна владина седница, ќе ја продолжиме кризната состојба и во рамките на оваа кризна состојба ќе ги намалиме акцизите за безоловните бензини и за дизел-горивата, со што колку-толку ќе влијаеме позитивно за граѓаните, а негативно за цената, бидејќи таа ќе се намали. Очекувам да продолжиме и понатаму да бидеме со убедливо најниска цена на бензините и на дизел-горивата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, и покрај економските предизвици, домашната економија покажува позитивни резултати. Се очекува солиден економски раст и во вториот квартал од годината, преку силен раст во градежништвото, трговијата и туризмот. Премиерот посочи и дека буџетските приходи се над планираното, што овозможува редовна исплата на сите обврски.

Реклама

„Очекувам и во вториот квартал да имаме солиден раст на бруто-домашниот производ имајќи предвид дека во април градежништвото беше над 40 %, трговијата исто така е двоцифрена, имаме раст во туризмот, буквално во сите сегменти. И покрај, би рекол, предизвикувачката состојба, ќе биде тешко, но нема да очајуваме, ќе се бориме“.

Воедно Мицкоски порача дека нема простор за стравување од економски колапс, нагласувајќи дека платите и пензиите ќе продолжат да растат согласно законските решенија. Најави и засилена реализација на капиталните инвестииции, при што во наредниот период се очекува изградба на шест автопати, како и почеток на изградбата на брзата пруга  долж Коридорот 10. Целта на овие мерки е да се зачува економската стабилност и да се заштити животниот стандард на граѓаните.