Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

„Визер“ ја зголеми својата база во Скопје со седми авион, за вицепремирот Николоски – ваквите успеси се резултат на заедничка работа

Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авиокомпанијата „Визер“ ја прошири својата база во Скопје со седми авион, со што скопскиот аеродром се вброи меѓу првите бази на „Визер“. Додавањето уште еден авион во базата во Скопје значи повеќе дестинации и поголем број на френвенции на летови. Благодарение на дополнителниот авион, беа отворени две нови линии до Палермо и Алгеро, авиолинии чии први летови беа реализирани на 15 и 18 јули.

Ова, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, е големо достигнување, нешто со што многу национални авиокомпании не може да се пофалат. 

– Ако не се лажам, ова е трета најголема база што „Визер“ воопшто ја има и се надевам за многу бргу скопскиот аеродром ќе стигне и на второто место по број на пласирани, односно по број на авиони што се поставени на аеродромот. Ова е големо достигнување, нешто со што и многу национални авиокомпании не може да се пофалат и затоа јас често знам да кажам дека „Визер“ практично стана национален авиопревозник на Македонија. Бројките го покажуваат тоа, дестинациите го покажуваат тоа – изјави Николоски на прес-коонференцијата организирана на скопскиот аеродром.

Реклама

Ваквите успеси, според Николоски, не се случајни и се резултат на заедничка работа.

– Само компанијата „Визер“, ако минатата година превезе 1 милион 700.000 патници, веќе за првите шест месеци оваа година превезе еден милион 200.000 патници, што јасно го покажува растот. Во првите шест месеци на двата аеродроми во Охрид и Скопје има два милиони патници. Се надевам таа бројка да продолжи и во вториот дел од годината и ако пред неколку години се боревме за два милиони патници годишно, сега мислам дека она што беше незамисливо, а тоа се четири милиони патници годишно, е нешто што реално е остварливо – изјави Николоски. 

Виз ер ќе воведе три нови дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанија

За генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, овој седми авион е многу повеќе од оперативна одлука, претставува силна потврда за потенцијалот на Македонија, партнерството меѓу „ТАВ Македонија“ и „Визер“ и јасен сигнал за иднината на домашниот воздухопловен сектор.

– Секој дополнителен авион создава нови работни места за пилоти, кабински персонал, земски служби, техничко одржување и аеродромски услуги. Истовремено, се поттикнува растот и на други сектори, како туризмот, угостителството, транспортот и трговијата. Повеќе патници значат повеќе гости во хотелите, повеќе посетители во рестораните и поголеми приходи за локалните компании. Подобрите и подиректни воздушни врски им овозможуваат на компаниите полесно да воспоставуваат деловни контакти, да пристапуваат до нови пазари и да привлекуваат инвестиции – истакна Курт. 

Од „ТАВ Македонија“ особено се гордеат што меѓу 15-те аеродроми со кои управува „ТАВ аеродроми“, „ТАВ Македониј“ бележи највисок раст на бројот на патници во текот на оваа година.

– Во првите шест месеци од 2026 година аеродромите во Скопје и Охрид заедно опслужија речиси 2 милиони патници и реализираа повеќе од 13.000 лета. Тоа претставува раст од 28 проценти во патничкиот сообраќај и 7,6 проценти во бројот на летови во споредба со истиот период минатата година. Зад овие бројки стојат милиони лични приказни и патувања: луѓе што ги посетуваат своите семејства и пријатели, туристи што откриваат нови дестинации, посетители и гости во нашата земја и компании што создаваат нови деловни можности – рече Курт.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: