Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Ветија, не може да испорачаат – власта е виновна што Македонија останува заглавена на Европскиот пат

Власта е таа што на Македонија и стави вето за ЕУ. Таа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта е таа што на Македонија и стави вето за ЕУ. Таа удри потпис и даде ветување на Европската унија дека ќе ги внесе Бугарите во македонскиот Устав, но сега не може да го исполни тоа ветување. Токму неможноста да исполни тоа што го ветила, без да се консултира со опозицијата и народот, е кочницата за почнување преговори со Брисел. Вината не треба да ја бара кај опозицијата, туку во сопствениот двор затоа што повлече потег без да се изгради национален консензус. Според експертите, сега е веќе доцна.

  • Да беше изградена една национална стратегија, опфаќајки ги сите кои живеат во нашата земја, тогаш немаше да имаме проблем ниту со Грција ниту со Бугарија. Меѓутоа обвинувањата сега се доцна, но и тоа што мене ми е чудно, но не знам дали грешам или не, ЕУ во моментов не е заинтересирана да се реши проблемот помеѓу Македонија и Бугарија. Изгледа и тие не се спремни да не примат сега во своето семејство. Тука ми е проблемот, дека ние, државата доцни во секој сегмент“ вели Азизи.

Според мислењето на Азизи, власта  игра на картата да се добие некој глас повеќе, а не да постигне единствен национален став за вака големи прашања.

  • Треба да се гради еден национален консензус и да немаме веќе проблеми, да не се отвораат нови прашања – тоа е многу добро. Но, мислам дека во Македонија сите политички партии тоа го зборуваат за да добијат повеќе гласови. Уставните измени, за кои се обвинуваат дека една е проЕУ, другата е антиЕУ, јас не можам да проценам која е за ЕУ, кога ниту една политичка партија не работи на тоа. Кога се знае дека Европската Унија бара борба против корупцијата, бара демократија која ја нас ја нема“ вели Берат Азизи.

Без конкретен план, што ќе се случи доколку уставните измени не ги пројдат филтрите, партијата на Ковачевски тогаш ги прифати условите и ги направи образувачки за Македонија. Сега, кога заглави и ја втурна државата во почитичка криза и го уништи патот кон европа, власта упорно бега од избори на кои повикува опозицијата.