Реклама

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово, полицијата го истражува случајот

Просториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово се оштетени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово се оштетени, а на ѕидовите се испишани графити, објави денеска министерот за локална самоуправа и лидер на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ.

Случајот е пријавен во СВР Куманово, од каде информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоиљковиќ, преку објава на социјалните мрежи го осуди инцидентот, испишаниот графит „УЧК“, оценувајќи дека станува збор за вандализам и поврзувајќи го со, како што наведува, „ксенофобија и шовинизам кон српската заедница“.

Реклама

Тој посочи дека во просториите на КУД „Српски вез“ со фолклор се занимаваат повеќе од 200 деца и побара институциите и јавноста најостро да го санкционираат испишувањето на графитите.

Од СВР Куманово информираа дека случајот е пријавен, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување.

-Настанот е пријавен во СВР Куманово, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот- наведуваат од полицијата.