Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Инвестиции и реконструкција на хидроелектраните за поголемо домашно производство на струја и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиции и реконструкција на хидроелектраните за поголемо домашно производство на струја и помала зависност од увоз. Министерката за енергетика Сања Божиновска која беше во посета на ХЕЦ „ Глобочица“ вели дека е задоволна од работата на хидроелектраната. „Глобочица3 во 7-миот месец од годината веќе остварила 80% од вкупното планирано производство за цела година. Само за 6 месеци биле испорачани 120 GWh струја, што е речиси 19% повеќе од планираното. Ова лето започнува и третата фаза од ревитализацијата на ХЕС „Црн Дрим“. Најголемиот дел од инвестициите ќе бидат насочени кон хидроелектраните „Глобочица“ и „Шпилје“.

„Овие резултати покажуваат дека кога се инвестира во домашните производствени капацитети, државата добива поголема сигурност, стабилност и сопствено производство на електрична енергија. Наш приоритет останува модернизацијата на постојните капацитети, затоа што тие се темел на сигурен и одржлив енергетски систем. Тие ја намалуваат зависноста од увоз, обезбедуваат стабилно производство и претставуваат еден од најсилните столбови на зелената енергетска транзиција“ – вели Сања Божиновска, министерка за енергетика.

Министерството работи и на нови развојни проекти, како „Глобочица 2“, „Шпилје 2“, пловечка фотоволтаична електрана на акумулацијата „Шпилје“, како и на модернизација на системот за контрола на испустот и далечинско управување со нивото на Охридското Езеро и реката Црн Дрим. Производството на струја од хидроелектраните е зголемено за 76% во однос на истиот период минатата година, а она од ветерните паркови за 10%.

Реклама

Од енрергетика посочуваат дека интензивно се гради втората фаза од ветерниот парк Богданци, кој следната година ќе достигне инсталиран капацитет од 50 мегавати. Започнуваат активностите и за изградба на фотонапонските електрани БИТОЛА 1 И ОСЛОМЕЈ 2, а во напредна фаза подготвките за БИТОЛА 2 и БИТОЛА 3. Активно се гради и проектот за гасниот интерконектор со Грција. Се работи и на гасно поврзување со Србија што треба да ја направи Македонија енергетска крстосница на Балканот. Божиновска вели дека новите проекти водат кон поголема енергетска независност на Македонија.