Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Бишевац: Толку глупави луѓе работат во владиниот ПР, тоа е чудо – да замрзнуваш цени за 1 денар и со тоа да се фалиш, го нема никаде

Во Македонија има реформи, ама само на хартија. Откако е оваа Влада…

Сподели:

Во Македонија има реформи, ама само на хартија. Откако е оваа Влада на чело на државата, никој не се залагал да направи нешто добро во пракса, се си прават само за свој џеб, за свои лични интереси, вели за Алфа поранешниот пратеник Сафет Бишевац, во гостување на емисијата „За или Против“. Темата на ова издание беше „Устав по хрвстски модел, Македонија држава на македонскиот народ и малцинствата кои живеат во неа“. Бишевац во емисијата дебатираше со новинарот Столе Наумов, каде неколку пати кажа дека во изминативе години секој ден само слушаме еден куп лоши работи со кои не може никаде да се пофалиме. Ама затоа се фалиме со замрзнување на цени на производи за еден денар, или пак за два денари. Ама тоа го има само кај нас.

Искрено ќе ви кажам, толку глупави луѓе работат во владиниот ПР, тоа е чудо – да замрзнуваш цени за еден денар и да се фалиш со тоа, мислам тоа го нема никаде, само кај нас. Другите држави и тоа како заминаа напред, и со подобра живеачка, и со повисоки плати, а ние се фалиме само со полулизам, велат соговорниците за Алфа.

Никогаш ЕУ сама нема да не доведе во правилна насока, вели Бишевац. Ние мора сами да си направиме за да биде како што треба нашава држава. Како да биде како што треба? Ние нема со што да се пофалиме, зашто имаме катастрофално здравство, образование, култура и се најлошо, алармира Бишевац.

Реклама

Европската Унија направи подобро место за живеење во соседна Бугарија и Хрватска, да тоа е точно. Покрај тоа што и двете земји излегуваат на море, сепак и стандардот таму е многу повисок, зашто државите работат како што треба.

Во емисијата се дискутираше и за уставните измени по примерот на хрватскиот модел.

Со влегувањето на Бугарите во уставот, нема да се решат натрупаните проблеми кои ги има Македонија. Мора државата подлабински да работи за да мрднеме од мртва точка. Ние правиме се, а од бугарска страна постојано излегуваат со изјави како Македоницте зборувале на бугарски дијалект, како ние како држава сме имале заедничка историја итн.