Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

Бизнисот бара помали придонеси и либерализација на пазарот на труд

Бизнисот се жали, власта слуша, ама не нуди конкретни решенија. Годишната конфереција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнисот се жали, власта слуша, ама не нуди конкретни решенија. Годишната конфереција на Стопанската комора на северо-западна Македонија ги исфрли на виделина критичните точки на бизнисот кои влечат корени од поодамна но за нив нема решение. Јавноста ги слушна, но само на албански јазик, на кој се обратија домаќините, но и владините претставници. Клучниот проблем вo бизнисот се платите но и работната сила. За да ги задржат работниците и да можат да делат повисоки плати бараат намалување и либерализација на меѓународниот пазар на труд.

-Бараме од Владата придонесите за минимална плата кои се високи и изнесуваат 47,5 отсто да се намалат на 32 отсто за да се зголеми минималната плата. Исто така бараме Владата да ја либерализира увозот на работна сила, бидејќи се работи за многу сложена и долга процедура, поради што голем дел од странските работници работат на црно. Бараме и зголемување на квотата на странски работници од 5 на 10 или 15 илјади работници годишно. Заедно со Владата треба да ја подготвиме повеќегодишната програма за професиите кои се потребни во државата, изјави Менди Ќура, претседател на стопанска комора на северо- западна Македонија.

Младите ја напуштаат Македонија не само поради платата туку поради преголемата вработеност по пат на партиска врска, лошите политики , тоа што не се цени квалитетот. Покрај тоа што е најкритично во туризмот и градежништвото , сериозен проблем е и во ИТ секторот, во државава годишно недостигаат 600 ИТ техничари.

Реклама

Главниот проблем е превработувањето,  се вработуваат луѓе со врски и политички определби што создава нервоза кај младите, рече Анета Антова Пешева , Претседател на Собрание на МАСИТ .

Претставниците на Владата ги слушнаа барањата и забелешките упатени на нивна адреса, но не одоговорија конкретно дали ќе се прифатат предлозите. Се пожалија дека и во државните институции им недостигале вработени во ИТ секторот. Како краткорочно решение, ќе се  работело на либерализација на пазарот и зголемување на квотите . Според Битиќи, во агенцијата за вработување имало регистрирано слободни работни места, ама нашите невработени граѓани не биле квалификувани за тие позиции.

Ние имаме еден парадокс во Агенцијата за вработување има илјадници слободни работни места, а 115 илјади лица бараат работа. Овие невработени не се оспособени за професиите кои ги бара пазарот. Точно дека квотите за странски работници се ограничени на 5.000 годишно, но оваа мерка не може да биде долгорочно решение на проблемот потребно е недостигот да се реши со домашна работна сила, рече Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања.

– Младите не бегаат само поради ниски плати. Дигиталната трансформација ќе го подобри деловниот амбиент, ќе ја зголеми ефикасноста и професионалноста и ќе ја намали корупцијата , рече Министерот за информатичко општетство и администрација Азир Алиу.

Инаку,  годишно ни недостигаат 10.000 работници, најмногу во ттуризам и градежбиштво. Годишната квота моментално е 5.000 странски работници, а до крај на март над 3.000 странски граѓани годинава добиле дозвола да работат во Македонија меѓу кои и работници од Непал  и Пакистан.

Кристина Алексиеска