Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Прилози

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Кога правдата ќе стане прескапа, бесплатната правна помош е единствениот пат до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога правдата ќе стане прескапа, бесплатната правна помош е единствениот пат до суд за најранливите граѓани. Таа не смее да зависи од економската или социјалната положба на граѓаните, ниту пак од тоа колку пари има некој, нагласува академик Владо Камбовски.

„Значи, издвојувањето на такви средства на државно рамниште е исклучително скромно. Тоа треба да се зголеми, треба и вкупната организација на бесплатната правна помош да се зајакне со помошта што треба да доаѓа од други институции, не само од адвокатите, туку и од граѓанскиот сектор, граѓанските организации. Тука се особено важни и правните клиники кои треба да се развијат на правните факултети“, вели академик Владо Камбовски.

Голем дел од граѓаните кои имаат право на бесплатна правна помош сè уште не се доволно информирани дека можат да ја користат. Според досегашната практика, најголем број барања се поднесуваат за имотно-правни спорови, семејни и бракоразводни постапки, мерки за заштита од семејно насилство, како и за наследни постапки.

Реклама

„Во минатата, 2025 година, ние обезбедивме бесплатна примарна правна помош за над 5.000 граѓани кои го остварија тоа право и обезбедивме право на секундарна правна помош за стотици граѓани. Тоа значи бесплатно застапување пред судовите, право кое им е обезбедено на секој што финансиски не може да си обезбеди пристап до правдата“, вели Ален Деребан, заменик-министер за правда.

Бесплатната правна помош е наменета за лицата со ниски приходи, жртвите на семејно насилство, лицата со попреченост и другите ранливи категории. Во следните три години, во рамки на регионалниот проект што го реализира Министерството за правда, ќе бидат обучени 150 професионалци, кои ќе обезбедуваат бесплатна правна помош за околу 1.500 корисници.