Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Економија

Бесими: Одиме кон решение за платите, а клучно е тоа да биде системско и да се дефинира динамиката

Одиме кон решение, а клучно е да биде системско и да се…

Сподели:

Одиме кон решение, а клучно е да биде системско и да се дефинира динамиката на платите, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, откако на завчерашниот состанок на Економско социјалниот совет беше договорено Владата до понеделник  да направи нови симулации за пресметка на платите во јавниот сектор, согласно понудените предлози од страна на синдикатите.

  • Во интензивна комуникација сме, ќе се сретнеме во понеделник, можеби уште еднаш во текот на неделата. Одиме кон решение. Имаме платформа на која разговараме. Начелно, принципиелно сме согласни, одиме кон тоа како да го дизајнираме пакетот и клучно е да има системско решение во Општиот колективен договор и да се дефинира динамиката на платите.  Ќе има унифициран систем. Сега има различни методи, разни модели, последниот е минимална плата плус бодови. Не бараат коефициент. Имаше размислување и кај нив дали да биде минималната плата или просечната плата, повеќе беа за просечна плата. За нас беше како бара Синдикатот така да го прилагодиме моделот.  Последно што се разговара е за со просечната плата и ни треба период на транзиција да влезе во тој систем. Коефициент со просечна плата и период на транзиција, рече Бесими на брифинг со медиумите.

Тој очекува да се најде прифатливо решение за сите, а вели и дека се следи процесот за помирување за барањето на Синдикатот на вработените Управата за јавни приходи за повисоки плати за 30 проценти.

Како што појасни, станува збор за различни работи, наспроти разговорите за динамиката за утврдување на платите во јавниот сектор, во случајот со УЈП има нов закон и усогласување на посебни права и специфики на работење.

Реклама
  • Знам дека е голем социоекономскиот притисок, меѓутоа моја задача е да кажам кој ми е капацитет. Тоа што го имаме кажано за Буџетот во Парламент тоа е.  Вкупно милијарда евра, односно 960 милиони, зема плата од Буџетот јавниот сектор. Десет проценти ќе значи скоро 100 милиони евра плус. Но, затоа зборувам дека одиме кон решение, затоа ни треба транзициски период, рече Бесими.

Оцени дека ова е една од најголемите реформи досега за платите во јавниот сектор и оти со закон или со колективен договор ќе се гарантира нивниот раст,  а тоа што ќе се случи во јавниот сектор недвосмислено ќе се одрази и на платите во приватниот сектор.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), завчера на седницата на ЕСС била презентиранa Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година, односно зголемување на платите во период од 2,5 години.