Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Бендевска: „Илинденски денови“ е фестивал со мисија и визија за културен натпревар меѓу народите што како принцип во аманет ни го остави најголемиот македонски син Гоце Делчев

„Илинденски денови“ е вонредено важен фестивал со мисија и визија за културен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Илинденски денови“ е вонредено важен фестивал со мисија и визија за културен натпревар меѓу народите што како принцип во аманет ни го остави најголемиот македонски син Гоце Делчев, истакна вечерва во Битола, Весна Бендевска, потпретседателка на македонското Собрание.

Прогласувајќи го фестивалот за отворен, Бендевска нагласи дека од оваа вечер Битола ќе биде точката на поврзување, на уметници од сите светски меридијани, центар на светот во кој се зборува на универзалниот јазик на музиката, песните, танците и ората.

– Собранието на Република Македонија како претставнички дом на граѓаните и традиционален покровител на овој фестивал, ќе продолжи и понатаму да дава силна поддршка на овој вонредено важен фестивал со мисија и визија за културен натпревар меѓу народите што како принцип во аманет ни го остави најголемиот македонски син Гоце Делчев. Затоа нека живее духот на Илинден низ битолските улици, нека биде победа на уметноста и традицијата, нагласи Бендевска.

Реклама

Пред гостите од градот, државата и странство, потпретседателката Бендевска потсети дека фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор за промоција на културното наследство во сите појавни форми, музиката, танцот, игрите, обредите, обичаите, традиционалните носии и сите останати формати на уметничкиот израз.

-Битола по кој знае кој пат пред светот ќе го промовира автентичниот, автохтон македонски фолклор со звуците на зурлите и тапаните, кавалите и гајдите во единствениот седум-осмински такт кој е оргинална македонска особеност. Битола ќе биде точката на поврзување, на уметници од сите светски меридијани, центар на светот во кој се зборува на универзалниот јазик на музиката, песните, танците и ората. Битола деновиве е градот кој ќе ги руши сите стереотипи, заблуди и предрасуди, промовирајќи дух на пријателство наместо ривалство, заедништво наместо поделби, прифаќање на разликите наместо нетолеранција, љубов наместо одрекување, посочи Бендевска.

Според востановената традиција, на фестивалскиот почеток му претходеа дефиле на учесниците од земјата и странство по Широк сокак, првиот сценски настап го имаа членовите на КУД „Илинден“ со познатото оро „Комитско“, а пријатен престој во градот на делегациите им посакаа градоначалникот Тони Коњановски и директорот на НУ Центар за култура, Сашо Илковски, организатор и домаќин на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.