Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Безбедна за пиење водата во Скопје

Безбедна за пиење е водата на скопската територија, според денешните анализи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедна за пиење е водата на скопската територија, според денешните анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од јавното претпријатие попладнево информираа за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

– Во текот на денешниот ден од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, земени се 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје од кои два примероци се сирова вода од каптажите на изворот Рашче и еден примерок од бунарски потег Лепенец – соопштија од јавното претпријатие.

Реклама

Оттаму потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка анализа согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење во акредитираните лаборатории при секторот Санитарна контрола. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговарале на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.